Фотограф
Од ФБ профил на Идриз Идризовски
Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечка црква
Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“ Католичка црква „Св. Преображение“

Католичка црква „Св. Преображение“ („Пресвето срце Исусово“)

„Во Скопје, голем град од 8 000 огништа, има 15 католички семејства, со една капела која сама ги сноси трошоците и тоа мора да се прави за да не се загуби толку познат град.“

Најраниот податок за католицизмот на овој простор, може да се најде во еден извештај во Рим кој датира од 1584 година каде Скопје се споменува како католички центар. Овој период е блиску до времето на основањето на Конгрегацијата “де Пропаганда Фиде” од 1622 година. Во овој период се посветува повеќе внимание на овие краеви. Редоследот на скопските пастири од надбискупот Андрија Богдани (1651-1656) па се до денес е непрекинат. Воглавно сите резидирале во Скопје иако многу пати биле присилени, поради турските зулуми, да го менуваат местото на своето престојување, сокривајќи се во непристапни места. Се до 1914, Скопје го носи насловот „Надбискупија“.  Со конкордатот помеѓу Светиот Стол и Кралството Србија од 1914, престолот преоѓа во Белград. Последен надбискуп е Лазар Миеда се до 1921 година кога е поставен за митрополит во Скадар. Во 2000 година Светитот Отец Папа Јован Павле II ја разделува Скопска од Призренската бискупија и денес нејзината јурисдикција се протега на целата територија на Македонија.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer