Фотограф
Од ФБ профил на Идриз Идризовски
Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечка џамија
Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија Фаик-пашина џамија

Фаик-пашина џамија

Џамијата се наоѓала на десната страна на реката Вардар, во познатото Маџир-маало. Како централен објект во тогашната нова урбанизирана стамбена зона на старо Скопје, бил последен објект изграден за време на Османлиските влијанија. Ова маало го нарекувале и Вардар-маало, а според податоците што ги дава Хаџи-Васиљевиќ, до 1900 година било најново маало во Скопје и го зафаќало просторот од Чифчи-маало до железничката пруга на Вардар. Тука населувањето започнало по низата на востанија во Босна, Бугарија и Српско Турската војна. По Берлинскиот Конгрес 1878 година, кога териториите на Босна и Бугарија, Србија, биле одземени од османлиската држава, голем број на население се преселило во границите на Османлиската империја. Преселниците/ мухаџирите/маџирите меѓу кои најмногубројни биле доселениците од Србија, Босна, Косово и Метохија и регионот. Податоци за џамијата се наоѓаат во текстот од натписната плоча, која до 1989 година се наоѓала над влезната врата на џамијатал (сега е во Музејот на град Скопје), како и зачуваното вакафнаме (задужбинска повелба) на Фаик Паша која датира од 1884 година. Тогашниот управител на скопскиот округ Мехмед Фаик Паша, користејќи ја својата функција, но во согласност со османлиската традиција, обезбедил средства за изградба на џамија. За одржувањето на објектот, Фаик Паша дарувал четири дуќани и еден приземен објект што се наоѓал во непосредна близина на џамијата, наменет за живеење на имамот (тој што ги одржува заедничките молитви) и хатибот (молитвите во петок на минарето, и првите денови од празникот Бајрам). За службените лица што се грижеле за џамијата, од вакафот се одвојувал и одреден паричен надомест. 
Џамијата претрпела големи оштетувања во земјотресот од 1963 година, по што цели дваесет и шест години останала без покрив. Неоштетени останале четирите ѕида од џамијата и  минарето, додека покривот и тремот биле целосно разурнати. Кон крајот на 1989 година остатоците од објектот биле срушени, заради реализаиција на новиот Урбанистички план на градот. 
По конзервацијата во 2003 година, влезната врата од Фаик-пашината џамија е адаптиран во постојаната поставка на Музејот на Старата скопска чаршија – Сули-ан. Во однос на декорацијата на вратата, таа отстапува од традиционалните стилови и специфични техники при изработка на влезни врати од османлиските верски објекти, и е изработена во плитка резба во техника карактеристична за Мијачката резбарска школа. 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer