Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна црква
Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија Црква Свети Димитрија

Црква Свети Димитрија

 На левата страна на реката Вардар под тврдината Кале, во Еврјското маало, се наоѓа храмот посветен на св. Великомоаченик од Солун Димитрија. Над влезната врата стои натпис кој гласи: „Во слава на светата и единосушна живототворна  и неразделна троица, во чест на великомаченик Димитриј, на ова место уште во 16 век по рождеството Христово бил подигнат храм, а овој е изграден и осветен во 1896 година. Со изработка на иконостас од зографот Димитрија Андонов Папрадишки.“
Не е познато од кога точно датира црквата, но се споменува во Милутиновата повелба од 1300 година. Низ вековите црквата била споменувана од византискиот пратеник Теодор Метохит во 1299. Се знае дека во 1535 година кога Турците ги срушиле останатите цркви на христијаните оставиле само два мали храма – Свети Димитрија и Свети Спас. Истите ја преживеале и огнената стихија 1689 година. Во 1727година Свети Димитрија се споменува како катедрална црква, а во XIX век во неа била сместена Скопската митрополија. Во 1727 година,во времето на скопскиот митрополит Кирил,пеќкиот патријарх Арсение IV на црквата ѝ приложил евангелие. Од 1766 до 1872 година скопската епархија била потчинета на цариградската патријаршија, а со основањето на Бугарската егзархија во 1870 година поголемиот дел од населението се изјаснило за новооформената бугарска црква. Така, катедралната црква Света Богородица и црквата Свети Димитрија како и зградата на митрополијата во Скопје им припаднале на егзархистите
 и во неа назначен митрополитот Доротеј во 1874 година. Црквата неколку пати била поправана и реновирана, а во 1894 и проширена. Во 1907/8 била изграден камбанарија која не смеела да биде повискока од црквата. Зографот Димитрија Андонов Папрадишки живописувал во оваа црква и го изработил иконостасот. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година зографисувал Крсте Колоски.   
 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer