Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје

Чифте амам на Исхак-бег
Овој амам се наоѓал во скопската чаршија, т.е. на просторот помеѓу Бит-Пазар и Куршумли-ан. Амамот бил изграден од страна на Исхак-бег во прва половина на XV век, поточно помеѓу 1438 година, кога биле изградени Алаџа џамија и имаретот, задужбини на истиот легатор, и 1445 година кога било легализирано вакафнамето на Исхак-бег. Овој амам бил двоен (чифте) амам. Не се знае точно до кога функционирал и кои биле причините за неговото напуштање.
Кон крајот на седумдесетите години на XX век Управата на пазарите, за да се здобие со поголем продажен простор, ги урнал остатоците од овој објект иако биле ставени под заштита на законот и прогласени за споменик на културата.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer