Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Скопје
Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша Конаци на Х΄взи паша

Конаци на Х΄взи паша
Во првата половина на XIX век управник (nazir) на скопскиот санџак бил Х΄взи-паша. Тој изградил чифлик - Бардовци со конаци и селска населба, најверојатно во периодот од 1824 до 1845 година, кога се наоѓал на споенатата должност. Конакот претставувал посебна населба организирана за живот на господарот со целото негово семејство, помошниот персонал и сѐ што било потребно за начинот на живеење и општествената положба што ја имал. Конаците во Бардовци служеле како простор за одмор и уживање додека конаците што ги имал на скопското Кале служеле како негов административен центар. Зградите што го сочинувале овој комплекс биле оградени со ѕидови високи околу 5 метри, на кои, по должината биле распоредени 8 кули наменети за стража и евентуална одбрана. Оградениот простор се состоел од три дела, меѓусебе преградени со ѕидови. Во средишниот дел била зградата во која престојувал пашата со машкиот дел од семејството. Тука имало уште ковачница и фурна. На источната страна (десно од овој двор) бил харемлакот - зграда за престој на жените и децата. Во дворот на овој дел се наоѓала и зграда за послугата и кујна. Помеѓу селамлакот и харемлакот се наоѓала кула – оружница и ризница за чување на богатството и оружјето на пашата, која требало да служи за последна одбрана во случај на напад, а истовремено била и врска помеѓу главните згради. Овој објект бил поврзан со харемлакот и селамлакот со по еден дрвен затворен мост преку кој се овозможувала интимна врска помеѓу зградите. На западната страна (лево од главниот дел) бил делот за економија, со коњушница и поило. Главните згради, селамлакот и харемлакот, биле идентични, со приземје и кат. За разлика од селамлакот, на покривот на харемлакот се наоѓала една куличка која служела како теферич за жени (во случајов - соба со поглед преку ѕидовите). Како во приземјето, така и на катот, одделенијата на конакот биле поставени симетрично околу еден овален хол. Тие биле уредени типично за богатите муслимански куќи. Внатрешноста на зградите била декорирана со боена декорација по ѕидовите и со тавани во резби. 
Конаците во Бардовци биле типичен претставник на најсовршената османлиска профана архитектура на Балканскиот Полуостров од почетокот на XIX век. Во споредба со многу конаци со слична намена изградени во Македонија, Косово, Србија и Босна, ги надминале како по димензии, така и по стилското и декоративно богатство. Конаците на Х΄взи-паша страдале во Балканските војни, Првата и Втората светска војна. Во 1958 година Конаците преминале во сопственост на ЈНА која неколку години подоцна ги урнала до телем остатоците од главните и помошните згради и на тој простор изградила разни објекти за свои потрби. 
Денес се сочувани само камениот ѕид со осумте кули што го оградувал целиот комплекс.  Со овој споменичен комплекс управува Министерството за култура кое во 2009 година започна проект за обнова и реставрација на конаците каде би биле сместени Националниот филмски фонд и Кинотеката на Македонија.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer