Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје
Воена болница Воена болница Воена болница Воена болница Воена болница Воена болница

Воена болница
Најстарата воена болница во Скопје била изградена во 1844 година. Четириесет години подоцна во 1884 година била изградена нова со капацитет од 150 легла, која подоцна била и проширена. Во 1896 година во оваа болница имало 11 медицински лица. По 1912 година овој објект и понатаму се корисел како болница позната уште и како К’з’л ај односно Црвена (полу)месечина. Болницата се наоѓала во близина на денешниот хотел Континентал и доскорешниот комплекс Скопски саем. Објектот бил изграден на приземје и кат во ориентален стил со западноевропски архитектурни влијанија, пред сѐ барокот, класицизмот и стилот на Луј XIV.