Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје
Театар Театар Театар Театар Театар Театар Театар Театар Театар - Во изградба

Театар
Населението од овие простори долго време пред да се изгради и формира театарска институција знаела за театарските игри и уличните забавувачи. Најчест облик на драмски игри биле игрите со сенки од типот на Караѓоз и Хаџиват, разни видови куклени представи кои се изведувале за време на празниците итн. Првиот театар во Скопје бил изграден во 1906 година за време на валијата Махмуд Шефќет паша и го носел името „Градски театар Шубан и Ватан (Младина на татковината)“. Се наоѓал на кејот на Вардар (каде што е денешната зграда на МОБ) во близина на кахвехането Ада. Бил изграден од дрво со многу скромни декорации, поради недостиг на средства. Градбата имала правоаголна форма, и била со димензии 20 м ширина, 37 метри должина и 14,5 метри висина. Објектот имал партер, галерии и повеќе од 20 ложи. Сцената била изработена во Дизелдорф,  била широка и опремена со богата декорација. Гледалиштето имало капацитет од 700 гледачи. Салата била осветлувана со гас-ламби, а греењето било со обични печки и често пати не задоволувало. Пред театарот имало градина со шадрван. Во овој театар се изведувале представите на тогашните најпознати османлиски автори Шемседин Сами, Намик Кемал, а гостувал и познатиот актер Бурханедин ефенди. Гостувале повеќе познати театарски трупи како Микајан, Сеферија, Ахмет Фехми итн. Во театарот се одржувале и балови, хорски концерти, а имало и филмски проекции. Театарот бил уништен во пожар во 1913 година, само неколку години по неговото основање.