Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечка џамија
Хасан баба џамија Хасан баба џамија Хасан баба џамија

Хасан баба џамија

Хасан баба џамијата била изградена во XVII век,  помеѓу 1620 и 1640 година година. Според локалната легенда настанала на местото каде ученикот на дервишот Џигер баба, Хасан баба, по неговата егзекуција, си ја зел главата под пазува и ја однел на местото каде што денес се наоѓа џамијата. Џамијата е изгадена во селџучки стил со интересна октагонална купола. Изградена е на квадратна основа со скромни димензии од 6 м. x 6 м. со дебелина на ѕидовите од 90 см., од делкан камен и малтер. Објектот е прилично едноставен без посебни декорации, но се истакнува  полигоналното минаре, што е прилично ретко на овие простори.  Во 1883 година џамијата била реконструирана и реновирана од страна на командантот на Третата армија, Фазил паша.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer