Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Непостоечка џамија

Сапунџи џамија

Оваа џамија за прв пат се спомнува во пишаните извори во 1639 година кога муезинот (служител што повикува на молитва од минарето) Умер бил назначен на служба. Се наоѓала на просторот помеѓу Дебојот и Сунгур Чауш џамијата. Обиколена била од ковачки дуќани. Се смета дека ја изградил некој од семејствто на Сапунџизаде. Од ова семејство излегол Хусеин Хасан кој бил борец за верата и починал во Битола, а закопан бил накде во Кара Оглан маало. Меѓу населението гробот се сметал за свето место и често бил посетуван. Освен овие скудни информации во литературата не може да се пронајде ништо поподробно.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer