Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Непостоечка џамија
Скршена Џамија

Скршена Џамија

Скршената џамија, уште позната и како Ј’к’к Џамија, бил мал верски објект што некогаш постоел на местото на кое денес се наоѓа станбен комплекс Грозд. Не се знае кога точно е изграден, но се претпоставува дека потекнува од XVI или XVII век. Името Скршена џамија го добила меѓу населнието кога дел од минарeтo бил урнат во текот на Првата светска војна.
Џамијата била мала, со квадратен молитвен простор, со основа 7,93 м. Била покриена со плитка купола над пандантифи со пречник од 6 м. Тамбурот бил поедноставен, со користење на горните агли на пандантифите. Таа била стар и поедноставен вид на рана џамија. Ѕидаријата била клоазон со наизменични редови камен и четири реда тули. Ѕидовите биле дебели 1 м. Горните делови на градбата биле од кршен камен, а била покриена со керамиди. Основата на минарето била од камен и тула, додека телото и шерефето биле исцели од тула. На север имало трем со димензии 3,72 x 7,93 м со полуцилиндричен свод. 
Меѓу населението имало верување дека била изградена врз темелите на некогашна црква по име Св. Никола или Св. Павле. Ја посетувале и христијаните и муслиманите укажувајќи ѝ еднаква почит. Христијаните палеле свеќи на источниот ѕид. Џамијата целосно било срушена во 1974 година, бидејќи и тогаш таа била во распадната состјба без можност да се реновира. Теренот бил и археолошки истражуван, но сепак таму не биле пронајдени остатоци од никаква предхона градба.