Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Коџа Кади медреса

Подигната е во 1592 година од Коџа Ахмед ефенди. За нејзиното издржување ѝ завештал определени средства. Основачот, според Мехмед Тефик, бил битолски кадија. Џамијата од основањето до околу 1908 година била поправана четири пати. Мудерис во последната деценија на османлиското владение бил извесен Абдулкади Икиџизаде.