Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Медреса Тефикије

Оваа медреса се наоѓала во близина на Хамза бег џамијата. Точниот датум кога била изградена не се знае. Според истражувањата на Мехмед Тефик, медресата ја подигнале жителите од тоа маало, многу подоцна откако џамијата била изградена. Била дел од голем вакуф. Околу 1908 година мудерис на медресата бил извесен Мехмед ефендија. Медресата настрадала во Првата светска војна.