Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Медреса Хајдар Кади

Била изградена во 1561-1563 година од кадијата Хајдар од Битола. Била ѕидана од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан. За издршка Хајдар-ефенди основал вакаф. Тој се состоел од дуќани, анови и куќи меѓу Чира Пазар и затворот Ченгел каракол. Во 1607 година биле додадени и нови вакафи од везирот Ахмед-паша со годишен фонд од 60 000 акчиња и 9 000 акчиња приход. Медресата била пет пати обновувана. Во последната деценија на османлиското владеење мудерис бил Абдулкадир ефенди.