Гранд Хотел Америка
Лоциран во непосредна близина на Сали Мостот, бил хотел со поголема кафеана, со сцена за оркестар и соби за ноќевање. Објектот бил изграден во почетокот на XX век и порано го користела Егзархијата како Конституционен клуб и театар.
Едно од најпознатите драмски дела што настанале на овие простори, за прв пат во османлиска Македонија, било изведено во 1909 година. Турнејата на театарската трупа „Скрб и утеха“ започнала во Солун, продолжила во Битола, а завршила во Скопје. Поради стравот од властите претставата била изведена парцијално, под името „Жетва“. Во Битола претставата била изведена во објектот на хотел Гранд Америка. Со тоа, во суштина, Битола е прв град во кој била изведена оваа претстава на територијата на современа Македонија. Објектот постои до ден денес, но е оставен на забот на времето.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer