Синагога Арагон
На местото каде сега се наоѓа Здравствениот Дом др. Хаим Абраванел попознат меѓу битолчани како “Уредот”, некогаш се наоѓала најубавата и најголема еврејска синагога (храм) Арагон во Битола или Ил Кал Арагон (Арагон е автономна заедница во Шпанија, коекстензивно е со средновековното Кралство Арагон) од каде беа протерани шпанските (сефардски) Евреи.
Синагогата Ил Кал Арагон била изградена некаде кон крајот на 16ти век или 1580 г. и како храм функционирал некаде до 1941 г. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.). Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон (1794), Меркадо Камхи (1838), Ариел-Бен Цион (1913), шабтај Џаин (1924), Аврахам Мориц Романо – последниот битолски рабин (1931).
За време на Втората светска војна од страна на бугарската фашистичка војска истата беше претворена во свинска кланица, а по нивното заминување од Битола беше целосно демолирана со динамит.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer