Фотограф
Од ФБ страна Стари слики и настани од Македонија
Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечка џамија
Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија Бурмали џамија

Бурмали џамија

Бурмали џамија се наоѓала на десната страна на реката Вардар, до самиот Камен мост. Претставувала импозантен споменик на културата кој се одликувал со извонредна архитектура и со објектите во непосредната околина сочинувал една урбанистичка целина.
Била изградена во 1495 година од извесен Мехмед-бег кој потекнувал од многу влијателна фамилија Карли-заде (Karli-zâde) познати како фамилијата Токо (Tocco). Вакафнамето за оваа џамија, кое би содржело подетални информации за основачот, е загубено.
Бурмали џамијата била изградена од делкан камен и тула на начин карактеристичен за исламските градби кој поради различен колорит создавал убав впечаток. Била покриена со три коритести свода, поставени еден покрај друг. Тремот бил пресводен со пет кубиња покриени со олово како и останатиот подрив на џамијата. Сводовите од тремот се потпирале на шест мермерни столба со извонредни сталактитни капители. Минарето на џамијата било вито, пропорционално и декоративно. Имало четириаголна основа со спирално (burmali) стебло. Освен извонредните архитектонски особености и убавината на Бурмали џамијата нејзиното значење го зголемувала и местоположбата бидејќи се наоѓала на самиот брег на реката Вардар. Своевремено, покрај Бурмали џамијата се наоѓале и други придружни објекти меѓу кои медресата и карвансарајот на Карли-заде. Во гробиштата што се наоѓале покрај џамијата, се наоѓал и гробот на основачот на џамијата. Џамијата била срушена 1925 година поради изградбата на офицерскиот дом. Уривањето на џамијата е голема загуба бидејќи нејзиниот стил се смета за уникатен во османлиската архитектура.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer