Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето на Паша Јигит-бег Турбето на Паша Јигит-бег

Турбето на Паша Јигит-бег

Турбето изградено 1426 година, над гробот на Паша Јигит-бег, се наоѓа во дворот на истоимената џамија. Било разурнато во земјотресот од 1963 година. Паша Јигит-бег бил прочуен турски војсководец и прв намесник на султанот во Скопје, веднаш по освојувањето на градот од Турците. Ова турбе е обновено и тоа претставува турбе од отворен тип, со шестаголна основа, ѕидано од тула и покриено со купола поставена на тамбур. Денес турбето е во склоп на културниот центар Јигит-паша и е достапно за посетители.