Турбето на Мустафа паша
Во турбето што се наоѓа во дворот на Мустафапашината џамија, покрај нејзината југоисточна страна, е погребан ктиторот на џамијата – Мустафа-паша. Тој починал во 925 (1519) година, што се споменува и на натписната плоча што е вградена над влезот. Натписот е испишан на арапски јазик, во проза, со декоративно писмо. Припаѓа кон затворениот тип турбиња, а во основата е решено шестаголно. На секоја страна се наоѓа по еден отвор, од кои еден е влез, а другите се прозорски отвори. Покриено е со купола на плиток тамбур, којшто од надворешната страна е полигонално изведен, а од внатрешната – кружно. Од надворешната страна турбето е обложено со бел мермер, што претставува единствен пример на облога од мермер кај турбиња во Македонија.
Во неговата внатрешност се наоѓа саркофаг чиишто страни се украсени со релјефно предадени мотиви од растителен карактер.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer