Проектот „Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Битола: Османлиски период - верски и профани објекти“, во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), го истражува, претставува и афирмира недвижното културно наследство на Битола, а се реализира во неколку фази.
Првата фаза на проектот се одесува на изработка на мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Битола од Османлиски период - ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ, т.е. од крајот на XIV до првите децении на XX век. Во овој дел се претставени верските објекти од сите религии што биле изградени и егзистирале во овој период (цркви, џамии, теќиња, синагоги). На картата е обележана локацијата на секој објект, а се дадени расположливи историски податоци и фотографии.
Втората фаза на проектот се одесува на изработка на мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на градот Битола од Османлиски период - ПРОФАНИ ОБЈЕКТИ. Во овој дел се претставени профаните објекти што биле изградени и егзистирале во овој период (амами; болници; воено, полициски и упранци објекти; конзулати; образовни објекти; итн.). На картата е обележана локацијата на секој објект, а се дадени расположливи историски податоци, усни преданија, легенди и фотографии.
Проектот е финансиски помогнат од Министерството за култура на Р. Македонија преку годишен конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2021 година.
Проектот се реализира во периодот март-август 2021 година.
Реализатори на проектот:

•    Виктор Трајановски, проектен координатор;
•    Елизабета Павковиќ, асистент координатор;
•    Борис Мантов, веб администратор;
•    Васко Гичевски, истражувач;
•    Божидар Маслинко, истражувач;
•    Душица Брачиќ, истражувач;
•    Станислава Трајановска, изработка на електронска мапа/платформа

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer