Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечко турбе
Тезверен баба Тезверен баба Тезверен баба Тезверен баба

Тезверен баба

Ова турбе било често посетувано од бекташките верници каде се молеле и палеле свеќи. Наречено е Тезверен-баба, бидејќи верниците кои доаѓале тука, од светецот барало брзо остварување на желбите. Ова турбе го споменува Тихомир Ѓорѓевиќ при неговата посета во Битола, за кое запишал: Во Битола, во Јени Амамини маало, се наоѓа, на мал простор помеѓу два дуќани, еден муслимански гроб за кој никој не знеше да ми каже ништо, на кој постојано се палат свеќи, кои никогаш не се гаснат дури и кога дува силен ветер. Се верува дека секој кој на овој гроб ќе се помоли на Бог и запали свеќа, набрзина му се исполнува желба за она што се моли.
Фредерик Вилијам Хаслук англиски историчар, кој долги години истражувал на Балканот, за ова турбе вели дека лежи во близина на Јени Амам во мал двор каде се наоѓаат два едноставни гроба за кои се вели дека се бекташки светци, од кои едниот се викал Мербум-баба. Кај нив се доаѓа за разни болести, им се пали свеќи и кандила и често се принесува жртва.
 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer