Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби) Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби) Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби)

Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби)

Турбето на Гази Баба се наоѓа на самиот врв на брдото на истоимената населба, североисточно од градот Скопје. Зад псевдонимот Гази Баба се споменуваат повеќе имиња, сепак, прифатено е мислењето дека станува збор за позната личност од XVI век Ашик Челеби (чие вистинско име било Мехмед Али ел Ната), кој бил познат и под името Кади-баба, бидејќи бил назначуван и за кадија на Скопје. Турбето на Гази Баба било многу почитувано и посетувано од народот. Постоел и чувар на турбето, турбедар, кој се придржувал за еден посебен ритуал. Секој петок посебно ги осветлувал гробот и турбето на ридот, а сето тоа оставало силен, дури и мистичен впечаток кај жителите на градот. Бидејќи најмногу бил поврзан со градот Скопје, тука и бил погребан. Легендата вели дека самиот си ја донел сопствената глава на турбето. Турбето на Гази Баба имало некоја чудесна моќ низ времињата. Местото било култно, но истовремено и окултно.
Турбето своевремено било во состав на еден од најголемите и најстарите комплекси на муслимански гробишта во Скопје. Гробиштата биле уништени во 1955 година, а турбето било урнато во земјотресот во 1963 година.
Во 2013 година, со финансиска помош од Општина Бурса, Република Турција, турбето е реконструирано и повторно вратено во неговата некогашна состојба. Во својата основа турбето е решено како осумаголник и припаѓа кон затворениот тип турбиња. Покриено е со купола издигната на плиток тамбур.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer