Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето Алти ајак Турбето Алти ајак Турбето Алти ајак Турбето Алти ајак

Турбето Алти ајак

Во северозападниот дел на Скопје се наоѓаат остатоците од турбето Алти ајак. Според податоците што ги изнесува Салих Асим, во врска со собитијата што се случиле во Скопје кон крајот на XVII век, би можело да се претпостави дека турбето настанало некаде во 1690 година. Се наведува дека, покрај ова турбе, до 1913 година постоеле уште две турбиња и дека во сите нив биле погребани татарски војсководци, кои со своите одреди учествувале на страната на Турците во судрувањето со австриската војска во 1689 година при повторното преземање на градот.
Називот Алти ајак турбето го добило по шесте столба што ја носеле конструкцијата на кубето. Тоа е од типот на отворени турбиња со шестострана основа. До 1963 година овој споменик бил зачуван речиси целиот (недостасувало кубето и еден столб). Во земјотресот од 1963 година многу настрадало, така што денес од него се зачувани само два столба.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer