Театарот
Долги години низ научната фела се сметало дека зачетник на театарската дејност во Битола е Албдулкерим-паша и театарот што беше го изградил во 1898 година. Според најновите сознанија објектот на стариот народен театар кој денес не постои според почетната идеја воопшто не требало да биде театар туку тутунска режија. Имено, објектот во кој подоцна бил сместен народниот театар во почетокот бил објект од стопански карактер. Според Мехмед Тефик во градот имало 3 театри иако не наведува дали се тоа ориенталните театри со сенки (Караѓоз и Хаџиват) или пак европски театри какви што ги познаваме. Театарски представи во Битола се изведувале најчесто во училиштата, а од сè досега познато извесно е дека посебен објект кој би служел за театарска дејност немало. Објектот на тутунската режија се користел како театер од 1910 година, но кратко потоа објектот изгорел во пожар. Сепак, иако полуразрушен објектот со определени репарации се користел како театар во текаот на Балканските војни и Првата светска војна. Еден период по 1915 година објектот бил користен како кино. По војната во 1924 година била направена темелна реконструкција и значително изменување на објектот со цел да се оспособи за работа според најсовремените тогашни трендови. Овој објкт како театар служел во текот на Втората светска војна, но и потоа. На 14.11.1944 година во зградата на Народниот театар во Битола била прикажана првата театарска претстава македонски јазик по ослободувањето. Театарот опстоил сè до 1980 година кога бил срушен со цел да се изгради денешниот Центар за култура Битола.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer