Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Млинот (мелницата) на Исмаил Бег Млинот (мелницата) на Исмаил Бег

Млинот (мелницата) на Исмаил Бег

Битолскиот санџак како дел од битолскиот вилает бил особено плодна житница. На територијата на Битолскиот санџак во 1884 година било произведено околу 1 199 000 хектолитри цереалии: пченица, рж, јачмен, овес и пченка. Веќе во 1901/1902 година на ниво на целиот вилает биле произведени 4 017 000 хектолитри цереалии, односно 2 944 000 хектолитри цереалии во 1902, од што се гледа дека производството опаднало за             1 073 000 хектолитри. Повторен раст во производството на цереалии имало кон крајот на османлиското владеење, во годините 1911 и 1912 година. Ваквата продукција изнедрила услови во Битола да се отворат неколку млинови (мелници). Нејсовремнениот млин бил млинот „Драгор“ кој го изградил Исмаил бег некаде кон крјаот на XIX век или според некои  автори во 1902 година. Млинот работел со машини на парен погон. Парната мелница на Исмаил бег во Битола имала капацитет од десет тони мелено брашно, работела со 6 валци. Млинот се простира на површина од 5 261 метри квадратни, граден е на правоголна основа на неколку ката. Има скромно декорирана фасада во западноевропски стил. Интересно е што овој објект од почетокот, па сè до денес опстоил како млин.  Во текотот на Првата светска војна бил оштетен, а потоа сопственикот го продал на други лица. Во меѓувоениот период овој објект сменил неколку сопственици. До 1934 год. бил во сопственост на “Београдска уједињена банка”, па потоа на “Хрватска банка” Загреб, за да ја откупи Таса Тасиќ, индустријалец од Лесковац. Тој ја проширил мелницата и ја опремил со нови машини. Пред Втората светска војна мелницата произведувала околу 3 000 000 кг. брашно, и вработувала 24-30 работници. Мелницата работела на моторен погон со 1 саугас мотор од 220 кс. По Втората светска војна овој млин станал дел од ЗИК Пелагонија како Жито Битола и ја продолжува својата дејност. Во последните 30 години минувајќи низ транзицијата на стопанството, претпијатието било во стечај и објектот повторно сменил неколку сопственици. Денес објектот е функционален млин и пекарница.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer