Фотограф
Виктор Трајановски и непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Скопје
Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам Даут-пашин амам

Даут-пашин амам
Даут-пашиниот амам е еден од најстарите амами во Скопје. Се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, оддалечен од Камениот мост само стотина метри. Тој е од типот на двојни амами и по своите димензии и уметничките вредности што ги поседува, претставува бисер на монументалната исламска профана архитектура кај нас. Изграден е во втората половина на XV век од страна на Даут-паша кој заземал високи положби во Османлиската држава. Даут паша се споменува како анадолиски и румелиски беглербег и како босански санџакбег. 
Точната година на градењето на Даут-пашиниот амам не е позната, а не е запазен ниту натписот кој бил поставен на објектот по неговото завршување. Но, сепак, според одредени податоци може да се претпостави дека бил изграден помеѓу 1468 и 1497 година. Неговата површина е 900 м2. Машкиот и женскиот дел се поставени еден покрај друг, како што е најчест случај кај двојните амами. Во машкиот дел се влегувало од западната страна, од главната улица на чаршијата која почнувала од Камениот мост, додека влезот во женскиот дел бил малку скриен и се наоѓал во споредна улица, од северната страна на објектот. Резервоарот за вода и огништето биле заеднички и за двата дела и се наоѓале на источната страна. Според Салих Асим, Даут-пашиниот амам имал 99 чешми. 
Според една легенда, амамот воопшто не проработел, бидејќи кога амамот бил готов и пашата со својот харем дошол во амамот, наместо вода во амамот се појавиле змии (според една варијанта - змија ја каснала саканата ќерка на Даут Паша). Тој пак, сметал дека е тоа Господова казна бидејќи амамот го подигнал на место на ранохристијанската црква (Св. Димитрија) која наводно Турците ја урнале кога го зазеле Скопје. Тогаш пашата наредил да се соѕида нова црква на местото каде и денес се наоѓа. Јован Васиљевиќ вели дека „црквата и во старо време се наоѓала на местото каде се наоѓа и денес и објаснува дека народните преданија за преместувањето на црквата имаат своја генеза во легендите за Св. Димитрија кои се доста познати во народот.
Според зачувани податоци за приходите на амамот (киријата за периодот 1546-1568 година изнесувала 5 833 акчиња) ваквите и слични мислења и верувања се неосновани. Објектот подоцна служел како магацин, а со тек на време бил опкружен и со мали дуќанчиња. Денес Даут-пашиниот амам е адаптиран за својата нова функција - Национална галерија на Македонија.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer