Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје

Гази Иса бегова медреса
Податок за Иса-беговата медреса се среќава во 1469 година при озваничувањето на неговото вакафнаме. Во него е наведено дека Иса-бег изградил медреса со десет одделенија, а во нејзина близина и теќе. За нивно издржување го завештал својот голем имот, меѓу кои: Чифте амамот со дуќаните покрај него; деветнаесет дуќани пред амамот што се поврзани со Безистенот на татко му Исхак-бег и Капан ан со дуќаните околу него. За споменатата задужбина Иса-бег ги увакуфил и сите свои книги. Тоа бил богат фонд на ракописни книги од разни области.  Книжниот фонд се состоел од 230 разновидни ракописни книги, што ја правело оваа медреса една од најбогатите библиотеки на Балканот. Во најголем дел овие книги биле од верски карактер, но биле застапени и книги од областите на астрономијата, медицината, филозофијата, математиката итн.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer