Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечки објект
Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија Исхак Челеби џамија

Исхак Челеби џамија

Кади Исхак Челеби џамија или пошироко позната како Исхакија е изградена во 1506 година. Причините за градењето на оваа џамија најверојатно лежат во демографскиот пораст на градот, по што се создало потреба од изградба на нов храм. Лоцирана е веднаш спроти Безистенот на некогашниот Бит пазар. Изградена од страна на кадијата Исхак Челеби и била централна џамија во Битола по што го добила и името Улу Џамија, односно Голема џамија. Изградена е врз квадратна основа со димензии 14,55 м. на 14,55 м со дебелина на ѕидовите од 1,63 м. до 1,88 м. Куполата има дијаметар од 14,52 метри, а е висока 26 метри. Особено е ункатна по кружната галерија Donanma која била изградена од практични причини, и со тоа таа е едиствената џамија во Битола што има галерија од овој тип. Располага со особено декорирана внатрешност, најверотно од XVI век. Особено убави се сталактитните украси, и натписите на ѕидовите. Осветлена е со три реда прозорци. Овој објект, во суштина, е еден од бисерите на османлиската архитектура од класичниот период. Поради централниот карактер, џамијата на неколку пати била обновувана, реконструирана, при што постојано низ вековите биле додавени нови елементи, а старите биле обновувани. Последната голема османлиска реновација, реставрација, но и доградба била направена по повод посетата на султанот Мехмед V Решад во Битола во 1911 година. Тогаш бил додаден и посебен  „Царски чардак“ до молитвениот дел каде што се сместил султанот. 
Џамијата имала и особено богат вакаф, кој служел за нејзино издржување. Вакуфот се состоел 105 дуќани, едно завие, 20 воденици, голем плац земја, мектеб, медреса, мисафирхане, огромна колекција на книги. Исхак Челеби оставил, покрај другото, и сума од 300 000 златни дирхеми за одржување на вакуфот. Со ова џамијата Исхакија била најбогата џамија во Битола, рангирајќи се веднаш до Сунгур Чауш бег џамијата. 
По 1945 година џамијата добила статус на културно историски наследство. Направени биле и соодветни реставрации и конзервации со кои објектот бил зачуван. Последната реставрација и конзервација на објектот била направена во 2014 година со поддршка на Република Турција.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer