Иса Феќих џамија
Џамијата била изградена 1505/6 гоина на левата страна на реката Драгор, на местото викано Муфтиски мејдан, во близна на Чинарот и на Ески Амамот. Била изградена по нарачка на Иса Феќих, таткото на Исхак Бег. Иса Феќиш односно Иса „Правникот“ бил особено познат битолски правник во тој период, истакнат познавач на шеријатското право од ханефиската школа. За потребите на џамијата увакуфил 12 дуќани и 15 куќи. Џамијата била со молитвен простор со димензии 10,25 м x 8,55 м, а имала и дрвена купола под покривот. Минарето ѝ било на западната страна, а имала и ревак. Во вантрешноста има впечатливи сталктитните украси на киблето. Денес џамијата е запуштена, а молитвениот простор служи како автомеханичарска работилница.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer