Хамза бегова Џамија
Џамијата веројатно била изграден кон крајот на XVI век или пред 1634 година. Единствените писмени сведоци се датумот 1798, напишан на тамбурот на куполата и уште една мермерна плоча со натпис според која џамијата била реновирана во 1857/1858, по што станала центар на дервишкиот ред суфиски Халвети во Битола. Вакафот на џамијата за прв пат е споменат во 1633 година, а зградата во 1634 година како вакаф на Хамза-бег, во судски документи во Битола. На јужната страна на куполата со црвено била напишана 1798 година, веројатно датумот на обновување. Во 1857/1858 година било завршено уште едно реновирање кога бил додаден едноставен портик. Џамијата има правоаголна основа со димензии 8,90 x 10,21 м. и претставува поедноставена џамија со правоаголна апсида со рамен покри, со димензии 5,50 x 2,60 м. во која е поставен михработ, што го дели централниот простор на два дела. Апсидата има два елегантни сводести прозорци на јужната страна. Овој необичен дизајн е последица на заемното влијание меѓу византиската и османлиската архитектура која се развива на почетокот на XIV век. Минарето е многуаголно, изѕидано од камен и тули и е високо 23,40 м и е добро зачувано. Шерефето му е украсено со сталактити, а балконот има мермерен парапет. Додадениот трем има димензии 5 м x 10,25 м, со кос покрив.
Џамијата во суштина била цел еден комплекс кој имал и халветиско теќе и турбе, мектеб и медреса. Џамијата според приказната настанала кога во Битола дошле тројцата дервиши Ибрахим, Абдул Керим и Ахмед од халветиското теќе Зејнел Абедин паша од Охрид. Тие формирале и вакуф сотавен од 17 куќи, но до почетокот на XX век од тој имот не останало ништо. Оваа џамија поради тројцата светци била особено почитувана меѓу населението, па често оделе и христијаните и муслиманите во потрага по спас и за решение на своите проблеми. Џамијата прилично настрадала во Првата светска војна. Денес од целиот џамиски комплекс зачуванана и потполно реконструирана е џамијата, а во дворот можат да се видат неколку надгробни споменици.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer