Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Непостоечка џамија
Егрикаш ефенди џамија Егрикаш ефенди џамија

Егрикаш ефенди џамија

Џамијата била изградена некаде околу XVI или XVII век. За прв пат се појавува во пишаните извори во 1788 година во пописните дефтери. Тогаш е забележана и донацијата која ја направила Ајше Хатун, која донирал еден дуќан за џамијата. Од тогаш џамија е позната и како Ајште Хатун џамија. Првото име Егрикаш ефенди („Господинот со Крива веѓа“) најверојатно доаѓа од нејзиниот основач за кого не постојат податоци. Се наоѓала на Дрвен пазар во близин на гробот на дервишот Тезверен баба и во близина на Јени Амамот и Коџа Кади џамијата. Џамијата била од мал формат со рамен покрив, а горниот дел од ѕидовите бил украсен со теракотни плочки. Изграена била во локален традиционален стил со употреба на камен и тули.  Ѕидовите биле со мала дебелина од околу метар, а покриена била со олово. Според градбата многу била слична на соседната Коџа Кади џамија.  Денес објектот не постои, но е зачуван дел од беговската куќа што била во близина на џамијата.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer