Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечко турбе
Зандан куле

Зандан куле

Еден невообичаен османлиски споменик е кулата позната како Зандан куле. Се наоѓа во дворот на училиштето „Стив Наумов“, во близината на џамијата Хамза Беј. Кулата е изградена од Хаџи Махмуд ефенди, или Кулели Х’рка Баба, кој бил шејх од накшибендискиот дервишки ред, а околу 1628 година бил и битолски муфтија.
Според легендата, тој исчезнал оставајки ја својата мантија која потопена во вода имала лековити дејства. Таа се чувала од еден турбедар, во ковчег во кулата, заедно со други реликвии и ретки книги. Кулата била изградена од камен со основа од 6, 50 х 5, 35 метри и висина од 10, 95 метри. Оваа трикатна кула била опремена за независно живеење, имала бунар, голема одаја, санитарни простории и магацин за храна. Била употребувана и како засолниште во воено време, но и како привремен затвор, поради што и го добила називот Зандан куле. Слични кули има во Скопје, Кратово, Кочани и Албанија и главно биле употребувани за заштита на семејствата или како трезори за пари.  
Во последните децении на XIX век објектот служел како мало складиште на муниција за потребите на Третата армија, но служела и како затвор. Според Мехмед Тефик во 1863 година битолскиот валија Хусеин паша, користејќи ја својата неограничена моќ кулата ја претворил во затвор, а сите скапоцености, кнгите, па дури и хирката на Махмуд ефенди завршиле во непознат правец.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer