Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето на К’злар Беј или отвореното турбе Турбето на К’злар Беј или отвореното турбе Турбето на К’злар Беј или отвореното турбе

Турбето на К’злар Беј или отвореното турбе

Турбето се наоѓало во турските гробишта на североисточното предградие, во некогашното маало К’злар беј. Слично турбе има во Скопје, познато како Крал к’зи каде според легендата е погребана ќерката на последниот босански крал Стефан Томашевиќ. Димензиите на битолското турбе се 5, 16 х 5, 31 м., со висина од 7, 76 м. Техниката на градење е комбинација на делкан камен со три реда тули и со покрив од ќерамиди. Уште едно слично турбе посветено на Џигер Баба, учителот на Хасан Баба некогаш било лоцирано на јужните падини на ридот Тумбе Кафе. Слични турбиња има во Скопје, Сараево и Фоча.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer