Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Катиљхане

Катиљхането или Централниот затвор се наоѓал на местото каде денес е сместено ОУ Ѓорѓи Сугарев. Имал два дела, машки и женски. Објектот бил изграден на правоаголна основа на два ката. Во внатрешноста имал и три помали објекти. Меѓу затворениците тие биле познати како Борџија, Назарет и Катиљхане. Имињата произлегле главно од тоа какви дела имале сторено затвореници кои престојувале таму. Во делот на катиљхането биле сместувани убијците, додека во Борџија, должниците. Условите во затворот биле ужасни, просториите не се затоплувале во зима, хигиената била субстандардна. Ѕидовите и таваните биле обраснсти со мов и мувла поради влагата, и оној малку мебел што го имало бил изгниен, просториите биле полни со кал, нечисторија, инсекти. Исхраната била многу лоша. Во османлиските затвори постоел  закон каде затворениците од свои сопствени средства требало да си обезбедуваат исхрана. Државата била должна на затворениците да им обезбеди само леб и вода. Оттука, крај затворот никанала и своедвидна чаршија од продавници каде се продавало храна и облека. Таму најблиските купувале и им носеле на нивните затворени членови од семејството или на пријатели. Во овој затвор низ годините скоро секогаш имало над 300 затвореници, а често знаел и да биде пренаселен, односно да бидат сместени повеќе затвореници отколку што имало простор. При вакви случаи затворениците се носеле на долготрајни робии во Фезан, Дијаберик, Подрум Кале, со цел да се ослободи место во затворот.  Низ овој затвор поминале Димитар Миладинов во 1861 година, Методи Патчев, Христо Узунов, Иван Групчев во 1898 година, Даме Груев во 1901 година. Тука бил мачен Дончо Штипјанчето, како и војводата Александар Турунџев. Особено бил озлогсласен делот за егзекуции познат како Ченгел Каракол кој се наоѓал недалеку од затворт, при полициската станица, кај денешното ОУ Тодор Ангелевски. Таму затворениците биле фрлани живи на ченгел и од таму потекнал називот Ченгел Каракол. Воопшто, поради заплашување честа била глетката кај Драгор да се ставаат на колци исечени глави. Овој објект служел како затвор сè до крајот на Втората светска војна, иако веќе и предходно бил опожаруван и во полуруинирана состојба. Објектот е урнат по 1945 година во екот на новото урбанизирање на градот.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer