Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија Јахја-пашина џамија

Јахја-пашина џамија

Јахја-пашината џамија се вбројува во најрепрезентативните верски објекти – џамии што се изградени во XVI век, во времето на големата моќ на османлиската држава. Таа му припаѓа на типот на повеќефункционални зависки џамии, кај кои страничните простории биле наменети за добронамерници. Според оригиналниот натпис над влезот џамијата е изградена 1503/4/ година. Се карактеризирала со голема купола, со дијаметар од 18 метри што се сметало за доста голема купола, земајќи предвид дека куполите на џамиите изградени од султани во Едрене и Истанбул биле помали. Во свое време оваа џамија се сметала за најголема џамија во Европа со исклучок на Истанбул и Едрене. Минарето на џамијата од 55,5 метри исто така се сметало за највисоко минаре во Европа со исклучок на  Едрене. Џамијата била изградена од бел камен. Најверојатно Јахја-паша, кој ја финансирал изградбата на оваа џамија, бил успешен воен офицер и заземал високи државни функции во време на владеењето на султанот Бајазит II (1481-1512). Бил босански санџак-бег, румелиски беглер бег и везир, а женејќи се со Хатиџе Хатун, една од ќерќите на султанот Бајазит II, му станал зет на султанот, што е уште едно појаснување за неговото амбициозно финансирање. Починал во Едрене во 1509 година, а неговото тело било донесено во Скопје за да биде погребано до џамијата. Како што е наведено во вакафнамето од 1506 г., на својата како „рај“ убава џамија и на другите објекти што ги изградил во Скопје – имарет и медреса, Јахја-паша го завештал целокупниот свој недвижен имот што го поседувал во Румелија, Скопје, Софија, Пловдив, Никополе и Истанбул.
За време на инвазијата на Хабзбурговците во 1689/90 година дел од објектот бил урнат, а куполата му била заменета со покрив во форма на пирамида. Два пати во џамијата удрил гром при што биле нанесени големи штети. Се смета дека џамијата имала пет малечки кубиња над тремот, но по бројните оштетувања и со подоцнежните обновувања, џамијата доста го изменила својот изглед и загубила од својата оригиналност. Во 1915 година, за време на Првата светска војна Германците, просторот на џамијата го користеле за артилериска работилница, a по завршувањето на војната повторно била приспособена за вршење на верски обреди. 
Џамијата претставува интересен монумент поради својата декорација. Ѕидовите се обложени со мермерни плочи, а внатрешниот естетски впечаток е збогатен со мермерната украсна оплата на мимберот и михработ, со прецизно изработените сталактитни украси. Порталот е украсен со полирани мермерни плочи, а над вратата се наоѓаат сталактитни висулки симетрично распоредени. Влезната врата од ореоводрво е копаничарски обработена. Лево и десно од порталот вѕидани се два михраба кои во летните месеци биле користени за вршење на верски обреди. Колепковидниот покрив на елегантниот трем, на западната страна, се држи на високи мермерни столбови, кои во својот горен дел завршуваат со капители и шилести лакови, што придонесува да се добие впечаток на монументалност на оваа џамија. Влезот во џамијата ги содржи најдобрите примери на сталактит/саќе украси во регионот. Со посебна убавина се одликува и основата на минарето. На неговиот врв се наоѓа полумесечина со ѕвезда, изработени од злато, додека шерефето е изработено со декоративни елементи и сталактити поставени во неговото подножје.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer