Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Медресата кај Исхак џамија

Оваа медреса била во склопот на Исхак Челеби медресата, која имала особено богат вакуф. Вакуфот се состоел 105 дуќани, едно завие, 20 воденици, голем плац земја, мектеб, медреса, мисафирхане, огромна колекција на книги. Исхак Челеби оставил, покрај другото, и сума од 300 000 златни дирхеми за одржување на вакуфот. Располагала и со огромна колекција на книги, кои се користеле во наставата. Изградена била заедно со џамијата во 1509 година. Кон крајот на османлиското владеење, по Хуриетот, мудерис (професор, наставник) на медресата бил извесен Јахја ефенди, кој бил ценет и почитуван научник. Објектот денес не постои.