Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија Араста џамија

Араста џамија

На просторот меѓу Безистенот и Куршумли ан се наоѓа Араста џамијата. Не е зачувано вакафнамето на оваа џамија, ниту натписот над влезот. Се претпоставува дека потекнува од XV век и била задужбина на првиот турски намесник на Скопје, Паша Јигит-бег. Според местото на лоцирањето Араста џамија претставувала и еден од првите позначајни објекти околу кои се формирала скопската Чаршија. Била урната во XVII век а, во текот на XVIII и XIX век била обновувана. Ѕидовите биле ѕидани со наизменични редови на камен и тули. Не е познат ниту првобитниот назив на оваа џамија. Името „Араста“ потекнува од старотурскиот јазик и е карактеристично за чаршиските џамии. Всушност, зборот „араста“  означува посебен вид на трговска институција, покриен пазар наменет само на еден еснаф, подигнат покрај ѕидовите на голема џамија. Во Старата скопска чаршија некогаш постоела араста, односно покриен пазар, како специфичан трговски објект. Најстариот податок за овој објект е пронајден во скопскиот Сиџил од 1699 година.
Долго време бил зачуван само габаритот на џамијата со разурнати ѕидови. Од остатоците на порталот можело да се заклучи дека бил импозантен. Оваа џаија настрадала во страшниот земјотрес кој го погодил Скопје во 1963 година. Денешниот облик го добила по нејзиното обновување од 2010-2014 година. При обновувањето се урнати и последните остатоци од некогашната градба, со што е причинета голема штета.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer