Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Османлиска банка

Османлиска банка

Во Битолскиот санџак првата банкарска институција била филијалата на Солунската банка која го отворила своето претставништво во Битола во 1893 година (Според Крсте Битовски прва банкарска институција во Битола било претставништво на Зираат банката отворено во 1889 година).
Веќе во 1903 година во вилаетското седиште била отворена филијала на Царската Османлиска банка, која главно била насочена кон трансакции на владата. Објектот бил граден на правоаголна основа, со подрум, приземје и кат. Била градена во европски стил и имала богато декорирана фасада. Стилските елементи им припаѓаат на француските сецесионистички фасади кои се богато украсени со слики од стилизирана флора распоредена на сите делови на фасадата. Објектот е еден од најубавите примери на архитектура во градот Битола, на кој, покрај сецесионистички елементи на фасадата, исто така, се присутни ренесансни и барокни елементи. 
Прв директор на Османлиската банка во Битола бил Алфонс Саридаки, белгиец кој службувал во Османлиската Империја. Банката успешно функционирала сè до почетокот на Балканските војни кога била затворена. Денес објектот е зачуван и под заштита на законот, а во него е сместена Стопанска банка.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer