Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола

Пожарната

На местото каде што денес се наоѓа ТППЕ Битола била сместена и една од првите, ако не и најстарата противпожарна единица во османлиска Македонија. Оваа единица започнала со работа во 1836 година. Потребата од ваква институција била повеќе од нужна ако се се знае дека градот изобилувал со дрвени градби и често страдал од пожари. Во единицата работеле 14 пожарникари тулумбаџии. Терминот „тулумбаџии“ потекнува од направата тулумба што ја користеле при гаснењето на пожарите. Тоа била двострана рачна пумпа за вода што овозможувала млаз на вода за гаснење на пожарите. Објектот во кој била сместена пожарната, според фотографиите, бил мал објект на еден кат, без некои особени украси. Интересно е да се напомене дека ТППЕ веќе 190 години не ја променила својата локација.