Хотел Ројал
Овој хотел важел за еден од најсовремените и најдобро опремени хотели од тоа време во Битола. Објектот бил на приземје и кат, со убав двор. Интересно е да се напомене дека во овој објект бил сместен штабот на Ахмед Нијази бег, водачот на Младотурската револуција. Хотелот нудел одлична храна и беспрекорна хигиена. Во 1913 година гостин во овој хотел бил и престолонаследникот и подоцна крал на кралството СХС Александар Караѓорѓевиќ. Во негова чест тука се одржала голема вечера кога присуствувале градските власти и првенци. По Првата светска војна објектот се користел како хотел и како изложбен простор. Неговата дејност продолжила и за време на Втората светска војна, но како Дом на културата. Забележан е податок дека во 1942 година на 17 мај била одржана изложа на книги, проследена со музички перформанс. Денес на местото на објектот постои станбена зграда.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer