Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Ингилиз Ан

Овој ан бил изграден во првата половина на XIX век. Според патеписите, се наоѓал веднаш до Старата џамија односно на местото каде што денес се сместени Егејските згради. Според Едмунд Спенесер овој ан бил едно од поголемите стоваришта за англиска стока. Битола во овој период имала особено развиена трговија со Англија. Во анот се влегувало преку една тешка и голема порта. Во доворт имало објект кој се состоел од два ката. Во приземјето биле аерите (шталите) и скалдовите за стоки, превезувани со карвани. На катовите, наоколу имало чардаци со соби за патниците, а  во дворот чешма и шадрван. „Раздвиженоста го полнеше анот. Беше некаква какофонија од Турци, Албанци, Власи, Бугари кои влегуваа, излегуваа, шумолеа. Вечерта глетката беше уште пошаренолика“. Вака анот го опишува во своите спомени Симеон Раден.  Во 1913 година анот го држел извесен Џафер Ибрахим, кој го дал на општинта под закуп. Општината потоа го корситела за чување коњи и опрема за службата на Градска Хигиена. По Пврата светска војна анот едно време го користеле жителите на Преспа кои патувале во Битола. По Втората светска војна објектот сè уште постоел и тогашната народна власт токму таму ја распределувала помошта од УНРА односно од САД. Треба да се напомене дека целиот тој кварт до денешен ден го носи називот Ингилиз Ан, токму по името на анот што околу еден век постоел таму.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer