Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Јени Ан

Јени ан бил еден од првите современи анови и хотели во османлиска Битола. Бил изграден по 1820 година. Сместен бил околу горниот дел на Дрвен пазар, а според локалните сведоштва бил токму на западната страна на улита „Борка Левката“ каде потоа семејството Петрови изградило свој дом. Веројатно е истиот оној ан за кој пишува Хенри Остин Леар во 1839 година, каде наведува дека од постелнина се добивало само душек. Овој ан во Битола, во тој период, имал статус на главен ан, но не бил особено пријатен за престојување поради нискиот степен на хигиена. Странците исто така забележувале дека овој ан немал стаклени прозорци. Сткалените прозорци сè уште биле реткост, а прозрците најчесто биле само еден отвор во ѕидот што се затварал со дрвени капаци. Во 1848 година бил запишан податок дека анот изобиловал со гости. Три години подоцна анот бил темелно обновен, хигиената се подобрила, а прозорците биле конечно застаклени. Поинаку кажано, полека добил изгред на некаков современ, но скромен хотел. Не се знае точно кога звршила дејноста на овој ан, најверојатно со подигањето на современите хотели, па неговото одумирање било речиси неизбежно.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer