Фотограф
Виктор Трајановски
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија Тутунсуз џамија

Тутунсуз џамија

Тутунсуз џамија се наоѓа во источниот дел на старо Скопје, под Гази Баба. За неа не постојат доволно податоци бидејќи не е зачуван натписот над влезот во џамијата, ниту дали е зачувано нејзиното вакафнаме. Се претставува дека џамијата била изградена во XVII  век, но не е познат градителот, така што не се знае ниту нејзиниот првобитен назив. Постои податок за постоење на Тутунсуз медреса, која најверојатно била изградена покрај џамијата. 
Тутунсуз џамија е зачувана во доста изменет изглед за што придонеле интервенциите извршени по земјотресот од 1963 година, кога молитвениот простор бил зголемен за сметка на тремот. Минарето е целосно зачувано. Во долниот дел е градено од камен и тула, а потоа само од обработен камен. Било ставено големо внимание на естетскиот изглед што се гледа од примената на повеќе декоративни елементи применети на влезот во минарето, шерефето и под самиот врв. 
Дворното место е израмнето и уредено, но нема ниту еден надгробен споменик од некогашните гробишта. Меѓутоа надвор од џамискиот двор пред околните куќи се забележуваат повеќе испокршени нишани и мермерни плочи  што потекнуваат од гробиштата на Тутунсуз џамија. 
Во врска со називот „Тутунсуз“ под кој е позната оваа џамија, кај скопското население постои предание според кое џамијата била изградена од човек кој се откажал од пушење, а заштедените пари ги вложил во нејзина изградба.