Јелен Капан џамија
Се наоѓала во ред на поголемите џамии во Скопје. Иако била споменик на културата џамијата била урната во 1975 година и на нејзино место била изградена судска палата. Не се пронајдени податоци за потеклото на џамијата ниту се знае чија задужбина била и кога точно била подигната. Не е пронајдено нејзинот вакаф-наме од кое би можеле да се добијат податоци за градителот како и за големината на имотот кој бил завештан за нејзино извршување.
За попрецизното определување на времето на настанокот на Јелен Капан џамија, може да послужи еден стар надгробен нишан кој бил зачуван во гробиштата околу џамијата. Тоа е надгробен споменик на извесен Ахмед, син на Мухамед со означена година на смртта хиџриска 983 (1576). Тој покажува дека во време на погребувањето на споменатата личност џамијата била веќе изградена. Што значи градбата на Јелен Капан џамија билац извршена некаде во првата половина на шеснаестти век, а најдоцна до 1576 година. Архитектурата на Јелен Капан џамија се карактеризирала со едноставност. Над помитвениот простор се наоѓал покрив на четири води. Џамијатас имала трем со дрвена конструкција. Се претполага дека била од типот на куполните џамии. За нејзиниот изменет изглед придонеле интервенциите што најверојатно биле превземени по земјотресот 1555 и по опжарувањето на Скопје 1689 г.
Што се однесува до името исто така не е познато како и кога е наречена Јелен Капан џамија. Порано таа секако имала друго име. Најверојатно го носела името на градителот кое подоцна било потиснато од новиот назив и со време се заборавило.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer