Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија

Кара Капуџи-баши (Хаџи Ќазимова) џамија


Кара Капуџи-баши џамија, денес повеќе позната каок Хаџи Ќазимова џамија , се наоѓа на источниот дел на Скопје под Гази Баба. 
За датирањето на оваа џамија имаме малку податоци. Не е запазен натписот над влезот и не знаеме дали е зачувано нејзиното вакафнаме. Најстар податок за постоењето на маалото Кара Капуџи-баши е од 1544 година, каде што во списокот на скопските маала се наоѓа и ова маало. Според познатата практика дека маалата во Скопје го добивале името по џамиите кои во нив биле изградени, а тие, пак, по името на својот основач, заклучуваме дека во 1544 година КАра Капуџи-баши џамија веќе постоела. Така, би можеле и поблиску да го определиме времето на изградбата. Тоа би бил период од XV век па сé до 1544 година.
Изгледот на оваа џамија е сосема изменет со интервениите вршени по земјотресот. Џамијата е проширена за сметка на просторот од тремот како и за сметка на дебелината на ѕидовите. Од старата џамија е запазено само минарето поставено покрај левата страна на објектот. Според нашите сознанија, ова е една од ретките џамии во Скопје кај кои минарето е вака поставено.
Џамискиот двор е проширен и во него е изграден шадрван. Од надворешната страна, во оградениот ѕид на џамијата до неодамна се наоѓаше една чешма со две дулци која повеќе не постои. На само неколку метри од претходната чешма во 2003 година е изградена нова чешма.