Ибни Пајко џамија
Ибни Пајко џамија спаѓала во редот на најстарите џамии во Скопје. Се наоѓала на левата страна од реката Вардар, во близина на Камениот мост. Засега единствени докази за постоење на оваа џамија се фотографиите, уметничките дела, како и податоци што се среќаваат во разни документи и литературата. Најстар податок за постоењето на оваа џамија се наоѓа во документ од 1467/68 година каде што е предаден недвижниот имот на нејзиниот градител: „Мулкови на Харачлијата Шуџа, син на Пајко, кој го увакуфил својот месџид што се наоѓал во Скопје.“ Според овој податок џамијата била изградена пред оваа дата.
Вообичаено и маалото околу џамијата се викало Пајко-оглу, но и Харачи Шуџа. Старите скопјани и денес, често со носталгија го употребуваат називот Пајко маало, а муслиманите Ibn-i Payko mahallesi.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer