Фотограф
Непознат
Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечка црква
Црква Свети Мина Црква Свети Мина Црква Свети Мина Црква Свети Мина

Црква Свети Мина

Оваа црква се наоѓала на левата страна на реката Вардар, на нејзиниот кеј и на левата страна на реката Серава, во непосредна близина на соборната црква Света Богородица. 
Грчката црковна општина во 1816 година се отцепила од Скопкската црковно-училишна општина и образувала посебна патријаршиска општина при црквата св. Спас.Спорот траел со децении и го решил митрополитот Фимилијан. Кога црквата св. Спас, после упорна борба, ѝ припаднала на Српската православна црковно-училишна општина, на Грчката црковно-училишна општина ѝ биле дадени 400 000 динари за да подигне своја црква. Така настанала црквата св. Мина. Подоцна и патријаршиската општина се преселила во неа. Новата црква имала две високи кули и две камбанарии. Во иконографските изведби се среќавало името на Димитрија Андонов Папрадишки. При окупацијата на Скопје, во текот на Првата светска војна, во 1915 година се користела како штала за коњи. По предлог на тогашниот скопски митрополит Јосиф и директорот на банката „Вардар“ Милан Јовановиќ-Стојмировиќ биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 година била обновена и претворена во црковен музеј на Скопската епархија. Имала 250 м2  корисна површина и во неа требало да се чуваат икони и разновидни црковни предмети. Објектот целосно настрадал во земјотресот од 1963 година. Оваа црква за Македонската православна црква – Охридска архиепископија е значајна бидејќи во неа е донесена Одлука за самостојност на МПЦ, потврдена преку служењето на заедничка архиерејска литургија со српскиот патријарх Герман на 19 јули 1959 година и е извршена хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer