Фотограф
Виктор Трајановски
Место
Скопје
Моментална состојба
Активно теќе
Садиско теќе (Вефа-баба) Садиско теќе (Вефа-баба) Садиско теќе (Вефа-баба) Садиско теќе (Вефа-баба) Садиско теќе (Вефа-баба) Садиско теќе (Вефа-баба)

Садиско теќе (Вефа-баба)

Ова теќе се наоѓа во Топана, не се знае точно кога било основано, но, се претпоставува дека е старо повеќе од 100 години Припаѓа на дервишкиот ред сади. Првиот шејх и основачот на теќето бил Вефа-баба. Текиската зграда е проширена и обновена. Има доста дервиши. Во турбето кое се наоѓа покрај теќето има неколку гроба и тоа: на шејхот Вефа-баба, на жената на шејхот Мехмед Али и на неговите две деца, потоа на шејхот Руфат (погребан во 1992 година).
Денес во постот на Вефа-баба теќето седи шејх Али Риза кој успешно се грижи како за текискиот објект, уште повеќе за дервишите и верниците кои често го посетуваат ова теќе.