Фотограф
Непознат
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Семејната гробница на Али-паша од Дагестан Семејната гробница на Али-паша од Дагестан Семејната гробница на Али-паша од Дагестан Семејната гробница на Али-паша од Дагестан

Семејната гробница на Али-паша од Дагестан

Турбето се наоѓа покрај источната фасада на Султанмуратовата џамија и е семејна гробница на Али-паша од Дагестан. Градено е во 1774 година и припаѓа кон отворениот тип турбиња. Основата му е шестаголна. 
Во ова турбе се наоѓаат две гробници во кои се погребани сопругата и ќерката на Али-паша од Дагестан. На овие гробови се врежани натписи со длабока болка и тага. На гробот на Ајша кај главата стои натпис на турски јазик, кој во превод гласи: „Ова е гроб на Ајша, ќерка на Зејнеб анама, зеница на нејзиното око, од чистата крв на прочуениот Али-паша. Саканата ѝ мајка не можеше да ја преживее смртта на својата ќерка, затоа рече: ’Господе, сакам да бидам заедно со својата ќерка, затоа што како јагне на градите сум ја доела. Нека ми остане во скутот до крајот на светот и векот, како пупка трендафил!‘ Тоа му беше угодно на божјото провидение. И така утредента по смртта на девојката, по оваа мајчинска молба, и таа умре. Беше удостоена со Божјиот повик: ’При мене дојди! Елај, седни и молитва за покој на душата Ајшина читај!‘
Година хиџриска 1188.“
Турбето било оштетено во земјотресот од 1963 година, по што биле извршени санациски зафати, и денес се наоѓа во одлична состојба.