Турбето на Качаникли Мехмед-паша
Турбето на Качаникли Мехмед-паша е урнато истовремено со џамијата на Мехмед-паша во 1955 година во врска со спроведување на новиот урбанистички план. Било градено во почетокот на XVII век според концепциите на џамии градени кај нас, само во намалени димензии.