Турбето Хатунџук
Турбето се наоѓало во дворот на истоимената џамија. Ктиторот на џамијата – ќерката на Јахја-паша – Хани Хатун веројатно била погребана во самото турбе. Во основата турбето било шестаголно и припаѓало кон отворениот тип турбиња. Било градено многу прецизно од добро делкан камен со минимални спојници. Било покриено со купола издигната на осмоаголен тамбур. Турбето изгледало елегантно и лесно, што било потенцирано со самите отвори и со висината на објектот. Било урнато во земјотресот од 1963 година.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer